Што третираме?
’Рбетен столб
Проценка и третман на болка и ограничена подвижност на вратот, грбот и слабините, како и на состојби каде се засегнати нервните структури.
Состојби што ги третираме9 состојби
- Цервикален синдром (болка во вратот)
- Цервикобрахијален синдром
- Лумбален синдром (болка во долниот дел од грбот)
- Лумбоишијалгија (ишијас)
- Дискус хернија – цервикална и лумбална
- Радикулопатија
- Дегенеративни промени на ’рбетниот столб
- Торакална болка и ограничена подвижност
- Механички нарушувања на ’рбетниот столб
Како пристапуваме
-
Клиничка проценка
Детална анализа на симптомите, подвижноста, мускулната функција и функционалните ограничувања.
-
Индивидуален план
Избор на терапевтски методи и поставување цели според клиничкиот наод и потребите на пациентот.
-
Насочен третман
Комбинација на мануелна терапија, кинезитерапија и современа технологија, според индикациите.
-
Функционално закрепнување
Терапевтски вежби, едукација и постепено враќање кон секојдневните и спортските активности.
Методи што ги применуваме
Според клиничката индикација, во третманот ги комбинираме:
Други региони
Не сте сигурни што ви треба?
Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА — ќе ви препорачаме третман според вашата состојба.

