Следете нè
Кинезика Физио Елит Kinezika Physio Elite

Клиничка проценка и физиотерапија

Кинезитерапија

Кинезитерапијата е активниот дел од рехабилитацијата. Вежбите се дозираат индивидуално и се приспособуваат на фазата на закрепнување.

Како работиме

Вежбите се избираат по проценка, се учат под водство на терапевт и постепено се надградуваат. Каде што е соодветно, добивате и упатство за самостојна примена.

Цели на вежбите

Сила

Зајакнување на мускулите што го поддржуваат зглобот или ’рбетот.

Подвижност

Враќање на обемот на движење и еластичноста на ткивата.

Стабилност

Подобрување на стабилизацијата и држењето на телото.

Контрола на движењето

Усогласена и безбедна координација при движење.

Се комбинира со

  • Мануелна терапија
  • Современи технологии, според индикациите
  • Функционална рехабилитација
  • Повторна проценка и следење на напредокот

Мануелна терапија

Индивидуално избрани мануелни техники за третман на мускулоскелетни нарушувања.

Подоброто движење започнува со соодветна проценка.

Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА.

Јавете се Закажи термин