Следете нè
Кинезика Физио Елит Kinezika Physio Elite

Современи терапевтски технологии

Фокусирана ударно-бранова терапија

Фокусираните ударни бранови имаат прецизно и подлабоко дејство во ткивото, со висока енергетска фокусираност на одредена длабочина.

Апарат: DUOLITH® SD1 T-TOP, STORZ Medical, Швајцарија

Апарат DUOLITH SD1 T-TOP со апликатор за фокусирана ударно-бранова терапија

Карактеристики

Прецизно, фокусирано дејство

Дејство на длабочина до 6–12 cm.

Насочено кон специфична структура

Енергијата се концентрира на одредена длабочина.

Тетиви, коски и длабоки ткива

Соодветна за структури што се длабоко во ткивото.

Современа технологија

Се применува според индикациите и наодот од проценката.

Фокусираната ударно-бранова терапија се користи во комбинација со мануелна терапија и кинезитерапија. Радијалната и фокусираната технологија се разликуваат по длабочината и прецизноста на дејството, па изборот се определува по проценка.

Типични индикации

  • Плантарен фасциитис
  • Ахилова тендинопатија
  • Калцификати во рамениот зглоб
  • Тендинопатија на ротаторна манжетна
  • Пателарна тендинопатија (скокачко колено)
  • Латерален епикондилит (тенис лакт)
  • Медијален епикондилит (голферски лакт)
  • Псевдоартроза и одложено зараснување на коски
  • Хронични мускулоскелетни болки

Како изгледа третманот во Кинезика?

  1. Клиничка проценка

    Проценка на симптомите, подвижноста и функционалните ограничувања.

  2. Примена на методот

    Примена на соодветната метода според индикациите и наодот од проценката.

  3. Интеграција со движење

    Активни вежби и повторна проценка на функционалниот одговор.

TECAR терапија

Терапија со радиофреквентна енергија која се користи како дополнување на физиотерапевтскиот третман за намалување на болката и подобрување на функционалната подвижност.

Мануелна терапија

Индивидуално избрани мануелни техники за третман на мускулоскелетни нарушувања.

Подоброто движење започнува со соодветна проценка.

Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА.

Јавете се Закажи термин