Следете нè
Кинезика Физио Елит Kinezika Physio Elite

Современи терапевтски технологии

Функционална магнетна стимулација (FMS)

FMS користи високоинтензивно магнетно поле за невромускулна активација, подобрување на циркулацијата, намалување на болката и поддршка на процесот на регенерација.

Апарат: TESLA Stym, Iskra Medical, Словенија

Апликатор на апаратот TESLA Stym за функционална магнетна стимулација

Карактеристики

Високоинтензивно магнетно поле

Длабинска невромускулна стимулација.

Неинвазивна и безболна процедура

Без електроди и без директен контакт со кожата.

Длабинско дејство

Дејство без загревање на ткивата.

Поддршка на регенерацијата

Дополнителна процедура во рехабилитацијата.

Типични индикации

  • Мускулни повреди и истегнувања
  • Мускулна слабост и атрофија по имобилизација
  • Болни точки и мускулен спазам
  • Рехабилитација по операција
  • Невромускулни дисфункции
  • Болни синдроми на вратниот и лумбалниот ’рбет
  • Хронични мускулоскелетни состојби
  • Нарушена стабилизација и моторна контрола
  • Подобрување на локалната циркулација

Во невролошката рехабилитација

  • Состојби по мозочен удар и парези
  • Периферни нервни повреди
  • Одредени периферни невропатии
  • Нарушена нервно-мускулна активација и моторна контрола

Кај невролошките состојби примената секогаш се определува индивидуално, во согласност со дијагнозата, функционалниот статус и целите на рехабилитацијата.

Како функционира

FMS создава пулсно магнетно поле кое продира низ облеката и површинските ткива и индуцира електричен импулс во нервните структури. Кога стимулацијата ќе го достигне потребниот праг, доаѓа до активирање на моторните нерви и контракција на мускулатурата.

Така може да се стимулираат мускули што кај одредени пациенти тешко се активираат волево, или кај кои поради болка, повреда, имобилизација или невролошко нарушување е намалена нормалната нервно-мускулна активација.

FMS и активната рехабилитација

Во Кинезика FMS не ја гледаме како замена за активното движење и терапевтските вежби. Нејзината најголема вредност е кога се комбинира со кинезитерапија и функционална рехабилитација: мускулот што го стимулираме постепено се вклучува во контролирано движење, а потоа и во функционални активности.

Не секоја болка или мускулна слабост е индикација за магнетна стимулација, затоа секогаш претходи физиотерапевтска проценка.

Како изгледа третманот во Кинезика?

  1. Клиничка проценка

    Проценка на симптомите, подвижноста и функционалните ограничувања.

  2. Примена на методот

    Примена на соодветната метода според индикациите и наодот од проценката.

  3. Интеграција со движење

    Активни вежби и повторна проценка на функционалниот одговор.

Кинезитерапија

Терапевтски вежби за подобрување на силата, подвижноста, стабилноста и контролата на движењето.

Подоброто движење започнува со соодветна проценка.

Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА.

Јавете се Закажи термин