Следете нè
Кинезика Физио Елит Kinezika Physio Elite

Специјализирани терапевтски концепти и техники

Maitland Concept

Мануелна терапија базирана на клиничка проценка

Меѓународно признат концепт за проценка и третман на мускулоскелетни нарушувања, заснован на детална клиничка проценка, прецизно дозирани мануелни техники и континуирано следење на одговорот на пациентот.

Едукација според програмата на Maitland Concept – IMTA: завршен Модул 1.

Физиотерапевт изведува мануелна техника на вратот Maitland Concept – IMTA

Принципи на Maitland концептот

Клиничка проценка

Детална анализа на симптомите, движењето и функционалните ограничувања.

Индивидуален третман

Прецизно дозирани мануелни техники според одговорот на пациентот и клиничкото резонирање.

Следење на резултати

Континуирана повторна проценка и адаптација на третманот за оптимални резултати.

Активно вклучување

Комбинација со вежби и едукација за долгорочна стабилност.

Во кои состојби се применува

  • Врат (цервикален регион)
  • Рамо
  • Грб (торакален и лумбален дел)
  • Колено
  • Скочен зглоб
  • Колк и други зглобови

Придобивки за пациентите

  • Намалување на болката
  • Подобрување на подвижноста
  • Враќање на нормалната функција
  • Индивидуален пристап според вашата состојба
  • Безбедна процедура
  • Во комбинација со други современи терапии (кинезитерапија, TECAR, ударно-бранова терапија и др.)

Како изгледа третманот во Кинезика?

  1. Клиничка проценка

    Проценка на симптомите, подвижноста и функционалните ограничувања.

  2. Примена на методот

    Примена на соодветната метода според индикациите и наодот од проценката.

  3. Интеграција со движење

    Активни вежби и повторна проценка на функционалниот одговор.

Мануелна терапија

Индивидуално избрани мануелни техники за третман на мускулоскелетни нарушувања.

Cyriax концепт

Специфични мануелни техники за третман на мускулоскелетни дисфункции.

McKenzie MDT

Проценка и третман на мускулоскелетни нарушувања преку механички принципи.

Подоброто движење започнува со соодветна проценка.

Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА.

Јавете се Закажи термин