Следете нè
Кинезика Физио Елит Kinezika Physio Elite

Клиничка проценка и физиотерапија

Клиничка и функционална проценка

Секој третман започнува со детална проценка. Таа е основата врз која се избираат методите, се поставуваат целите и се следи напредокот.

Што следува по проценката

По проценката го објаснуваме наодот, ја определуваме најсоодветната комбинација на методи и заедно поставуваме реални цели.

Во текот на терапијата проценката се повторува, за да се следи одговорот на третманот и тој да се приспособи.

Што опфаќа проценката

Симптоми

Каде, кога и при кои движења се јавува проблемот и како се однесува во текот на денот.

Подвижност

Обем на движење на зглобовите и ’рбетот, како и подвижност на мекоткивните структури.

Мускулна функција

Сила, активација и контрола на мускулите што учествуваат во движењето.

Функционални ограничувања

Како проблемот влијае на секојдневните, работните и спортските активности.

Пред првиот термин

  • Понесете ја медицинската документација, ако ја имате (наоди, снимки, отпусни листи).
  • Облечете удобна облека која овозможува слободно движење.
  • Подгответе список на симптоми, лекови и претходни третмани.

Мануелна терапија

Индивидуално избрани мануелни техники за третман на мускулоскелетни нарушувања.

Кинезитерапија

Терапевтски вежби за подобрување на силата, подвижноста, стабилноста и контролата на движењето.

Подоброто движење започнува со соодветна проценка.

Закажете клиничка и функционална проценка во КИНЕЗИКА.

Јавете се Закажи термин