ЗДРАВЈЕТО Е УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО
 
ЦЕНТАР ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА КИНЕЗИКА
Вo Кинезика, веќе десет години успешно се справуваме со:
  • Дископатии
  • Лумбошиалгии
  • Спондилози
  • Периартрити (болки во рамото)
  • Воспалителни, ревматолошки заболувања и травматски повреди на зглобовите
  • ‘Рбетни деформитети кај деца и возрасни, сколиози, кифози, неправилно држење на телото, рамни стопала
  • Рехабилитација после скршеници на коски, операции на зглобовите
  • Спортски повреди
  • Паркинсонизам
  • Невролошки заболувања, парези, парализи
  • Рехабилитација после мозочен удар
  • Рехабилитација после операции во стомакот и градниот кош
  • Рехабилитација после срцев инфаркт
Центарот за физикална и кинезитерапија Кинезика, се занимава со лекување на заболувања во ортопедија, неврологија, хирургија и други медицински гранки, од воспалителен, дегенеративен и травматски карактер на костно-скелетниот и нервно-мускулниот апарат.

Физикална терапија

Физикална терапија представува примена на електрична струја за постигнување терапијско дество. Примената во медицината ја пронашла со откривањетона позитивниот ефект врз структурите на нервно-мускулниот систем.
Со Физикална терапија постигнуваме топлински ефект кој што делува на проширување на крвните садови, постигнуваме аналгетско дејство преку стимулирање на нервните рецептори кои пренесуваат информација за болка, делуваме на зголемување на мускулнтата маса преку стимулација на оштетените нерви, како и силен противоточен и противвоспалителен ефект.
Во Кинезика, со најсовремени апарати , од електротерапија практикуваме:

  • ласер терапија
  • ултразвук терапија
  • тенс-транскутна електрична нервна стимулација
  • дијадинамски струи
  • галванизација
  • интерферентини струи
  • мускулни стимулации
  • нервни електростимулации

Кинезитерапија

Кинезитерапија (kinesis-движење и therapy-лекување) претставува област од физиотерапијата кој што се занимава со примена на движењата во лекувањето, а целта и е воспоставување на оптимална функционалност на одделните сегменти на телото и на организмот како целина.
Кинезитерапијата како дел од физиотерапијата представува еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација. Кинезитерапијата претставува примена на систематизирани движења на одделните делови на телото или на цело тело во форма на вежби, со цел зачувуање, воспоставување, развивање и компензација на функциите на локомоторниот апарат, како и на органите и органските системи кои се во директна врска со локомоцијата. Целта на кинезитерапијата е максимално искористување на сите потенцијали на пациентот кој што го третираме, со акцент на оптималното возможно опоравување на оштетената функција на локомоторниот апарат.
Кинезитерапијата се практикува скоро во сите обасти на Медицината, кај голем број заболувања и патолошки состојби, но и со превентивна цел. Апсолутни контраиндикации практично нема, а релативни се малку.
Уште поголемо значење кинезитерапијата добива затоа што преку движењето се доведуваат до ангажирање и преку тоа позитивно се делува и на останатите органски системи: кардиоваскуларниот, респираторниот, нервниот, ендокринолошкиот и др.
Затоа денес кинезитерапијата е најважен дел од рехабилитацијата, не само кај повредите на костно-зглобниот апарат, но и кај болести на срцето, крвоносните садови, респираторните болести, невролошките, ендокринолошките и други заболувања.
Тисот во 1981 година напишал: Движењето со своето делување може да го замени секое лекарствено средство, додека ниедно медикаментозно средство не може да го замени благотворниот ефект на движењето.
Правилното планирање, прилагодување на вежбите според проблeмот и можностите на пациентот, како и правилното дозирање на оптоварувањето во третамaнот бара добро познавање на таа наука и затоа многу е важно третманот да го изведуваат терапевти со соодветно образование по кинезитерапија.
Формите на кинезитерапија кои што ги спроведуваме во Кинезика се:

  • терапевтски вежби
  • дишна гимнастика
  • постурална реедукација
  • проприоцептивен тренинг (PNF метод)

Масажа

Масажата претставува метод при кој што механичката енергија се пренесува врз мускулите и сврзните ткива преку кожата и нејзините структури во вид на притисок и системска примена на специјалните методиски зафати и техники.
Специјализирани сме за повеќе видови масажи:

Медицинска акупунктура

Безболен метод, при кој што со помош на тенки, фини игли кои се боцкаат во одредени точки на телото, со голем успех се лекува болката и болните состојби, а истовремено делува и благопријатно и на целиот организам.
Со медицинска акупунктура успешно третираме:

  • болки во грбот
  • болки во зглобовите
  • болки во мускулите
  • мигрена
  • намалена циркулација
  • постоперативна рехабилитација
  • хроничен стрес
  • грчеви во мускулите
  • хроничен умор
  • спортски повреди

Кинезио тејпинг

Чудото од еластични самолепливи траки- Кинезио тејпинг со успех ги третира проблемите на мускулите и зглобовите, но исто така наоѓа широка примена во лекувањето на мигрена, отоци и се користи како превентивна мерка во рекреативното спортување и во професионалниот спорт. Креатор на овој метод е Јапонскиот физиотерапевт Кензо Касе, кој што го поставил темелот уште во седумдесеттите години од миатиот век и кој се до денес, повеќе од 30 години, успешно се усовршува.
При воспаление на мускулот, просторот меѓу кожата и мускулот е намален , што придонесува намален проток на лимфната течност. Лимфниот засотој врши компресија и ги иритира рецепторите за болка на кожата, кое што води до создавање на локална болка. При аплицирањето на кинезио лента, кожата во локацијата на болката се растегнува и потоа кога повторно ке се врати во првобитната позиција, заедно со залепената трака, на кожата ќе се направат бранови, т.е кожни набори, фалти. Тоа во основа е и најважниот момент во методиката на кинезио тејпингот. Преку подигањето на кожата се зголемува и просторот помеѓу кожата и мускулот, што придонесува за слободен проток на лимфната течност и лимфен матерјал, така се намалува дразнењето на рецепторите за болка и како резултат на тоа болката се намалува или исчезнува. Овој ефикасен метод на лекување стана составен дел на превентивата или рехабилитацијата на сите светски првенства, Олимписки игри и сите спортски натпреварувања.
Преку стимулирањето на проприорецепторите се постигнува подобро чуство во движењто. Функционалната и механичката корекција создаваат пасивна подпора, а со тоа и подобрување на функцијата на зглобот. За подобар ефект на третманот и за да се избегнат несакани контрапоследици од примената на кинезиотејпингот, најдобро е тоа да го практикуваат физиотерапевти кои се сертифицирани за таа метода.
Ефектите на кинезио тејпингот:

  • Подобрување на функцијата на мускулот
  • Подобрување на циркулацијата на лимфо и крвотокот
  • Намалување на болката
  • Потпомагање на функијата на зглобот

Домашна посета

Кинезика организира одржување на рехабилитациони третмани во домашни услови. Во период кога пациентот е во леглото и неможе да доаѓа кај нас, третманите се организираат дома до моментот кога е способен да продолжи со рехабилитацијата во нашиот центар.

Yumeiho масажа

Yumeiho или специјалната јапонска боженствена масажа, која се практикува и во физиотерапијата, представува посебен вид на масажа, каде што се применуваат масажни техники како притискање, гмечење, разтривање и удари. Покрај примена на масажните техники, се користат и техники од кинезитерапија за репозиција на сублуксирани зглобови, т.е манипулација на зглобови.
Творец на Yumeiho техниката е Масајуки Сајонџи, јапонски физиотерапевт, кој што во 1978 година ја креирал оваа физиотерапевтска метода.
Основната теорија на Yumeihoсе заснова на еквилибриумот на телото, во јапонската терминологија познат под името CHUSHIN SETSU или теорија на ЦЕНТРАЛНАТА ЛИНИЈА. Таа теорија објаснува дека тежината на телото треба подеднакво да биде распоредена на двата долни екстремитети. Главна улога во Yumeiho имаат колковите. По Масајуки Сајонџи 99% од луѓето имаат дислоцирани зглобови на колковите. Нивната сублуксација доведува до промена на тежишната линија на телото, што значи и пореметување на идеалната рамнотежа, баланс во оптеретувањето надолните екстремитети, што со текот на времето ќе доведе до сериозни здравствени пореметувања.
Целата на Yumeiho, како физиотерапевтска техника, е да преку примена на масажните зафати, репонирање на сублуксираните зглобови, како и активната кинезитерапија помеѓу третманите, да ја врати тежишната линија во позиција каде што тежината на телото би бика подеднакво распоредена на двата долни екстремитети.
Со примена на Yumeiho се постигнува: намалување на мускулната тензија, омекнување на сврзноткивните структури, подобрување на крвната и лимфната циркулација, како и локален метаболизам, со зголемува обемот на движење на третираните зглобови, општа релаксација на целиот организам.

Методи и средства

Ласертерапија, Ултразвучна терапија, Електротерапија, Инфрацрвена терапија, Медицинска акупунктура, Кинезио тејпинг, Cupping therapy, Yumeiho massage.

Промоции

Од 01 јуни до 01 октомври 2017 год, физикална терапија за 290,00 денари.

Закажете термин на телефон 02 6091 245 или 076 421 797